Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат
Економија

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

05/04/2025

AA

Царините кои САД ги воведе за други земји и натаму се главна тема во светот. 

Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел вели дека влијанието на царините „веројатно е значително поголемо од очекуваното“. 

Тој додаде дека увозните такси ќе доведат до привремен пораст на инфлацијата, но додаде дека „исто така е можно ефектите да бидат потрајни“.

„Наша обврска е да обезбедиме еднократното зголемување на нивото на цените да не стане тековен проблем на инфлацијата“, рече Пауел.

Тој вели дека Централната банка најверојатно и во следните месеци ќе ја задржи референтната каматна стапка непроменета на околу 4,3 проценти.

Трамп го повика Пауел да ги намали каматните стапки, наведувајќи ја пониската инфлација и цените на енергијата.

Економистите очекуваат царините да ја ослабат економијата, можеби да го загрозат вработувањето и да ги зголемат цените.

Во некои земји луѓето упатуваат повици за бојкот на американските производи поради царините кои ги воведе Трамп на многу држави. 

Меѓу државите кои први се погодени со „општата“ царинска давачка од 10 отсто се Австралија, Велика Британија, Колумбија, Аргентина, Египет и Саудиска Арабија.

Повисоките давачки за стоките од 57 главни трговски партнери на САД треба да стапат во сила следната недела.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy