
Патот од Берово до Струмица во прекин во двата правци
Патот од Берово према Струмица денеска од 15:30 часот е во прекин во двата правци, информираат од Авто-мото сојузот. Од АМСМ ова го соопштија како вонреден извештај за состојба на патни правци, но не се наведуваат други детали во врска со прекинот.