Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Патот кон Бугарија поскапе за 31 милион евра
Економија

Патот кон Бугарија поскапе за 31 милион евра

29/12/2023

AA

Со нови законски измени за дополнително финансирање ќе се довршува патот кон Бугарија, односно до граничниот премин Деве Баир. По скратена постапка преку Собранието ќе се бара од Светска банка дополнителен кредит од 31 милион евра.

Во 2023 година датумот за затворање
на проектот е продолжен до
30 септември 2025 година. Актуелните договори за државниот пат кој гравитира околу Крива Паланка со Страбаг, Гранит и Бетон, претпријатие кое е во процес на стечај, истекуваат во мај следната година.

„Во фазата на реализација на проектот
се појавија непредвидени работи,
стабилизација на косини во усеци,
појава на рударски тунели на самата
траса, драстично покачување на
цените на градежните материјали и
слично, поради што се јави потребата
од обезбедување на дополнителни
финансиски средства, кои е проценето
дека изнесуваат 45 милиони евра, со
што вкупната вредност на проектот се
зголемува и изнесува 118 милиони
евра“, пишува во објаснувањето на предлогот.

Дополнително, предлагачот тврди дека од Светска банка се обезбедени 14 милиони евра како грант. Рокот на отплата за кредитот од 31 милион евра ќе биде 16 години со грејс период од три години. Парите ќе ги добие Јавното претпријатие за државни патишта.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред две недели при посета на Крива Паланка рече дека се работи на експресниот пат, но не најави ново задолжување. Во меѓувреме беше распишан повик за изградба на главната фаза за железничко поврзување од Коридорот 8 со Бугарија.

„Работиме на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, инвестицијата е повеќе од 62 милиона евра. Исто така, во завршна фаза е проширувањето на државниот пат од Крива Паланка до Деве Баир, инвестиција од 12 милиони евра“, рече Бочварски.

Реконструкцијата на коридорот кој не поврзува со Бугарија првично требаше да заврши до 2022 со што требаше да имаме комплетно нова патна врска од Скопје кон нашиот источен сосед. Патот од Крива Паланка до Деве Баир од 13 километри е поделен на три под-делници, а вклучени се и конструкции на мостови.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy