
Патот Кичево – Гостивар затворен за сообраќај поради сообраќајка!
Поради сообраќајна незгода вечерва на магистралниот пат А2, Делница Кичево – Гостивар, во близина на „Сеферов Бунар“ меѓу Кичево и с.Трапчин Дол, сообраќајот е целосно во прекин во двата правци за сите видови возила.
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот.
Возачите се повикуваат на трпение и користење на алтернативни патишта.