Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАТЕНТИРАН ПРВИОТ ОМЕПРАЗОЛ ВО ТЕЧНА ФОРМА ВО СВЕТОТ – „Алкалоид“ со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ
Економија

ПАТЕНТИРАН ПРВИОТ ОМЕПРАЗОЛ ВО ТЕЧНА ФОРМА ВО СВЕТОТ – „Алкалоид“ со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ

19/02/2024

AA

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички
фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност
кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на
специфични групи пациенти. 

Стратешките инвестиции за модернизација на
производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со
додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и
на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат
таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со
дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење
и/или геријатриски пациенти). 

Ова го соопшти компанијата до инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Овие заболувањa се едни од најчестите во гастроентерохепатологијата, а се манифестираат
со враќање на желудочната киселина во хранопроводот, што предизвикува нелагодност и
можни долгорочни компликации. Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен
езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и
Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули,
како и на прашок за растворање. 

За првпат во историјата, од „Алкалоид“, е развиена течна
форма на лекот Омепразол, готов за употреба.
Иновативноста на овој нов производ на „Алкалоид“ се базира на два посебни раствори
содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата
раствора и така се добива готовиот течен Омперазол за употреба. Производот има пријатен
вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои. За да се задоволат
специфичните барања во процесот на производство на овој лек, компанијата инвестираше
во наменски изработена машина соодветна за овој иновативен производ, осигурувајќи
ефикасен и одржлив синџир на негова испорака низ светот. 

За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за
лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање
во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во
Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за
пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот
во промет и негово последователно лансирање. 

Овој производ ја потенцира посветеноста на „Алкалоид“ на врвни достигнувања во сферата
на фармацијата и претставува новина во генеричкото производство на лекови преку
иновативност, пазарна диференцијација и преку третман на специфични групи пациенти.
Во моментов во развојните лаборатории на компанијата се работи на уште неколку
иновативни формулации

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46779
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од

15/11/2026

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy