
Паспаљ итно хоспитализиран и опериран од срце
Поранешниот кошаркар на Партизан, кој има освоено бројни медали со репрезентацијата на Југославија, Жарко Паспаљ завршил итно во болница.
Тој требало да биде гостин на некоја негова годишна свеченост, но во саботата бил примен во болница поради аритмија.
Операцијата врз 57-годишниот Паспаљ била направена денеска (понеделник). Иако е надвор од животна опасност, тој некое време ќе остане на интензивна нега поради претпазливост.
Паспаљ беше светски шампион со Југославија во 1990 година и трикратен европски во 1989, 1991 и 1995 година. Ова не е негов прв голем здравствен проблем. Во 2001 имал два сериозни срцеви удари. А во ноември 2017 имал и мозочен удар.
