Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пасивно-агресивно однесување: Реченици што треба да се избегнуваат
Магазин

Пасивно-агресивно однесување: Реченици што треба да се избегнуваат

09/04/2024

AA

Пасивно-агресивното однесување често се јавува во секојдневниот живот во односите со пријателите, соработниците, љубовните партнери, семејството. Но, многу луѓе не секогаш ќе препознаат дека тоа се случува. Експертите сметаат дека пасивно-агресивната личност всушност сака да избегне судир „лице в лице“, неискрен /-а е и дава коментари што навидум изгледаат безопасни, но имаат негативни последици, пишува „Хафпост“.

– Кога сте пасивно-агресивни, се обидувате да пренесете како се чувствувате за нешто без всушност да го кажете она што сакате да го кажете. Тоа може да биде збунувачки, иритирачки и штетно за односите, појасни Џес О’Рајли, сексолог и терапевт од Торонто, Канада.

Следат најчестите реченици што го изразуваат пасивно-агресивното однесување.

„Жал ми е што се чувствуваш така“

Ова може да звучи како искрено извинување бидејќи во прв миг се користат зборовите „Жал ми е“. Но, кога ќе се додаде „така се чувствуваш“, тоа е пасивно-агресивно обвинување кон другиот, наместо да се преземе одговорност за штетата што „извинувачот“ ја нанел.

– Буквално велите: „Останувам на она што го кажав и жал ми е што ја имаш таа реакција на тоа, но тоа е твој проблем“. Наместо тоа, преземете ја одговорноста за зборовите што сте ги кажале. Иако намерата можеби не било да предизвикате никаква штета, влијанието од тие зборови предизвикува штета. Може да кажете: „Жал ми е што те повредив“ или „Мене ми е жал за она што го кажав и предизвикав болка“, објасни психологот Мелиса Робинсон-Браун од САД.

„Сè е в ред”

– Уште една вообичаена пасивно-агресивна фраза – велите дека „сè е ок“, а се гледа дека сте вознемирен /-а поради нешто. Можеби се надевате дека некој друг ќе направи нешто за да се справи со фактот дека всушност не сте в ред, но одбивате да побарате поддршка или сооодветно внимание, вели Џес О’Рајли.

Тука, поделотворно е да ѝ кажете на другата личност како навистина се чувствувате.

– …Во смисла, дали сте преоптоварени, недоволно ценети, несигурни, тажни, исплашени, дали чувството е безнадежно, љубоморни, отфрлени или е нешто друго? Како може другата личност да знае како се чувствувате ако вие не си ги споделите сопствените чувства? Решение: Кажете си што мислите и чувствувате!, додаде таа.

„Како и да е”

Овој коментар обично се јавува откако неколкупати сте се обиделе да го објасните вашето гледиште без успех. Тоа што не ве разбираат потоа ве фрустрира и велите „Како и да е“! Психолозите велат дека можеби ќе треба повеќе напор да се дојде до коренот на проблемот.

На пример, ако не сакате да гледате реално шоу, а другата личност сака и ве тера да гледате, обидете се да најдете компромис – без зајадливи коментари потоа.

„Ако ти така велиш”

Оваа изјава имплицира недоверба кон лицето на кое му е кажано тоа, како и дека не сакате да го продолжите разговорот, т.е. не ве интересира кажаното.

– Наместо тоа, покажете отворен ум и сметајте ги другите мислења исто толку вредни како и вашето. Обидете се со: „Ти благодарам за твоето гледиште. Разбирам зошто мислиш така. Може ли да кажам што јас мислам?“ Или, „Не сум сигурен дека те разбирам, можеш ли да појасниш што сакаш да кажеш?“, посочува Робинсон-Браун.

„Премногу си чувствителен“

Кажувањето некому дека е пречувствителен /-а, ги понижува чувствата на таа личност и суптилно ја префрла вината врз нив за емотивна реакција за нешто што вие сте го сториле.

– Тоа е како да кажете: „Толку си слаб, што не можеш да ја поднесеш болката која штотуку ти ја нанесов?“. Има неколку проблеми со оваа изјава, вели психологот Рајан Хаус.

Тој советува да ја прашате личноста што ја вознемирило и да разберете како сте ја повредиле.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy