
Партизановецот Ексум го крена пехарот, па дозна уште поубава вест – ќе стане татко!
За време на големото славје на паркетот на „Штарк Арена“, каде Партизан ја доби мајсторката со вечниот ривал Ц. Звезда во финалето во регионалното натпреварување, неговата сопруга му ја откри најубавата вест со снимки од ултразвук.
Нема сомнение дека денешниот ден Ексум уште повеќе ќе го памети.
