
Партизан втора година по ред нема да игра за српската титула!
Раководството на кошаркарската лига на Србија до клубовите испрати известување до тимовите дека рокот за лиценцирање на кошаркарите е до 24 април, а „црно-белите“ тоа го направиле на 29 април и поради тоа испаднаа од трката за титулата.
Партизан и Црвена Звезда требаше да добијат директно место во полуфинале во трката за трофејот, но поради грешката на администацијата, „црно-белите“ нема да ги гледаме во завршницата од првенството.
На Партизан му останува битката во Евролигата, каде што ќе игра „мајсторка“ против Реал во Мадрид за пласман на Ф4-турнирот во елитното кошаркарско натпреварување.
