
Партизан со девет животи – губи, ама уште има шанси за плеј-ин
„Црно-белите“ вечерва загубија на гостувањето кај Барселона со 76-94, меѓутоа и Валенсија го претрпе четвртиот пораз по ред, па двете екипи се уште се со идентичен биланс (13/16) иако утре можат да им се приклучат и Анадолу Ефес и Баерн. Партизан беше конкурентен само во првото полувреме во кое имаше и водство, се понатаму беше на страната на Барса која го задржа второто место на табелата.
Бадијала беше одличната игра на Алекса Аврамовиќ кој постигна 27 поени бидејќи немаше соодветна помош од соиграчите. Лапровитола ја предводеше Барселона со 17 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Монако 82-90
Барселона – Партизан 94-76
Басконија – Милано 88-73