
Партизан подобар од Ц. Звезда во вечното дерби (ВИДЕО)
„Црно-белите“ до водство стигнаа преку Натхо Бибас во 41. минута од натпреварот, а во 66. минута погоди Салдања за зголемување на предноста на 2-0.
Ц. Звезда не се предаваше и ја врати неизвесноста во мечот преку Ндиаје во 71. минута, но гостинскиот состав не успеа да постигне и втор гол за да избегне пораз.
Партизан ја заврши есенската полусезона со 47 бодови на првата позиција, додека Црвена Звезда е втора со 46 бода.
