
Партизан го потврди Џејлин Смит како ново засилување
Станува збор за 29-годишен кошаркар кој игра на бековските позиции, а во Партизан доаѓа од Виртус Болоња каде ја почна оваа сезона.
За тимот од Болоња, Смит имаше просек од 9,1 поен по натпревар, 2,2 асистенции и 2,3 скока.
Смит од лани е репрезентативец на Хрватска за која настапи на олимписките претквалификации минатото лето.
