Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во Македонија
Економија

Партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во Македонија

10/10/2024

AA

По само 100 дена од работењето на новата власт, ултра партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во земјата.

Поранешниот градоначалник на Пробиштип во два врзани мандати, Тони Тоневски, е назначен за директор на „Булмак 2016“ на местото на скопјанецот Гоце Мојсоски. Како втор директор останува Илија Горанов Илијев од Софија.

Рудникот за олово и цинк од Пробиштип и Крива Паланка, кој ги има рудниците Злетово и Тораница, а е под концесија доделена на бугарскиот Минстрој Холдинг, е четврт најголем во Македонија по Саса, Бучим и Боров Дол. Минатата година остварил приходи од околу 36 милиони евра и добивка од 2.175.000 евра.

Тони Тоневски беше на чело на општината од 2009 година кога го освои првиот мандат.  Во 2017 загуби од Драган Анастасов. Тоневски потврди дека е претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип, а на директорската функција доаѓа од јавниот сектор.

– Пред да бидам назначен на оваа функција, од 2017 година па сѐ до неодамна, ја извршував функцијата на технички директор во Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип, претпријатие кое е клучно за водоснабдување на градовите во источниот дел на Македонија, ни рече тој.

Во меѓувреме ни ги претстави и своите планови и амбиции како нов раководител на „Булмак 2016“. Тоневски вели дека приоритет ќе му биде да се имплементираат новите технологии и подобрувањето на ефикасноста во производството, како и грижата за животната средина.

– Мојата позиција во БУЛМАК 2016 вклучува управување со комплексните процеси на ископ и обработка на рудата, со цел да се обезбеди максимална ефикасност и одржливост во работењето на рудниците.  Стручноста како рударски инженер ми овозможи да развијам длабоко разбирање на рударските процеси. Уште пред да го преземам мандатот како градоначалник на општина Пробиштип, имав можност да работам на повеќе позиции во рудникот „Злетово“, меѓу кои и како Генерален директор на рудникот. Тоа искуство ми помогна не само во техничките аспекти на рударската индустрија, туку и во управувањето со големи тимови, комплексни процеси и стратешки развојни планови, изјави Тоневски.

Во Булмак 2016 работат околу 800 рудари. Според претходно објавено од сопственикот, просечна месечна плата во овој рудник е над 1.000 евра, а месечна експлоатација на руда достигнува и до 2.700 тони. Минстрој Холдинг покрај даноци, плаќа и за концесија за експлоатација на минерали. Компанијата „Булмак 2016“ е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат заедно со 20 отсто во вкупната потрошувачка на струја во земјата..

За Тоневски е познато дека дипломирал на рударско-геолошкиот факултет во Штип. Има работено како инжинер во рудникот Злетово, а во 2002 година таму стапува на функцијата генерален директор. Опишан е како успешен приватен стопанственик и претприемач, а од 2006 е претседател на управен одбор на Јавното претпријатие ХС Злетовица. Од 2008 до 2009 е директор на Управата за водостопанство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а потоа станува градоначалник на Пробиштип.

А.К.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy