Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Не прифаќаме зголемување на прагот за пензионирање
Економија

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ: Не прифаќаме зголемување на прагот за пензионирање

04/12/2024

AA

Партијата на пензионери категорично е против и не ја прифаќа
иницијативата за зголемување на прагот за пензионирање, кој сега изнесува 64
години живот. Тие со соопштение се обратија до јавноста. 

За Партијата на
пензионери,  исто така, се неприфатливи и неразумни образложенијата
на предлагачите на ваквата иницијатива, која наводно има за цел да се подобри финансиската
положба на Фондот за ПИО, како и да се намали зависноста од државниот Буџет.

Причини за ваквиот став се:

– 
зголемената зависност од државниот Буџет, во овој и идниот период,
за редовна исплата на пензиите, не е никако поврзана и предизвикана од актуелниот
законски праг за остварување на право на старосна пензија, бидејќи, во периодот
од донесување на оваа законска одредба, па се до Одлуката на Владата за
линеарно усогласување на пензиите, зависноста на Фондот за ПИО кон Буџетот на
државата континуирано се намалуваше.

– 
доколку се подигне прагот за пензионирање на 67 години се
намалуваат шансите за вработување на младите кадри и се зголемува притисокот за
нивно заминување во странство.

– 
животниот век на граѓаните во земјава, по пензионирање, а и
општо, поради полошите услови за живот од оние во развиените земји, е меѓу
најкратките во Европа.

– 
не е реално да се очекува исполнување на заложбата на
работодавачите за зголемена продуктивност од работници на возраст над 64 години.

Поради наведеното, Партијата на
пензионери,
како единствен политички субјект на пензионерите во земјата, подржува креирање,
исклучиво и само, политики со кои на нашето стопанство му се помага да може да
оствари:

– 
отворање на нови и подолгорочно одржливи работни
места,

– 
зголемување на вкупниот број на вработени, особено млади, како
и редовно исплаќање на плати и придонеси.

– 
зголемување на сите плати и реалната куповна моќ на
вработените,

– 
намалување на сивата економија, и

– 
зголемување на процентот кој се исплаќа за придонеси од
плата (ПИО и ФЗО), доколку се појави акутна потреба за интервенција за заштита
на стабилноста на ФПИО и редовна исплата на пензиите.  

Власта соопшти дека не планираат да ја зголемат границата за пензионирање, иако од Фискалниот совет има таква препорака. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy