
Парното за скопјани поскапува, еве и за колку!
На денешната прес-конференција, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски соопшти дека топлинската енергија за потрошувачите на град Скопје поскапува.
-Денеска врз основа на поднесените барања од страна трите компании на ЕСМ коишто се занимаваат со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија одржавме и подготвителна и главна седница и врз основа на овоа донесовме одлуки со коишто цената за потрошувачите на топлинска енергија во град Скопје ќе се зголеми за 5,03%. Основна причина за ова зголемување е поради тоа што сме го предвиделе во јули како цена за природен гас сме предвиделе дека ќе изнесува 37 евра за метават час, а сега признаваме реално е дека имало зголемен трошок, признаваме зголемена цена за 16% тоа е 43 евра за мегават час, вели Бислимоски.
