Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?
Економија

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

04/10/2024

AA

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од вторникот започна со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа ќе се снабдуваат со природен гас, но засега не и Македонија која има платено за закуп помеѓу 2,5 и 3 милиони евра, според министерката за енергетика Сања Божиновска.

Од „Гастрејд“, компанијата-оператор рекоа дека станува збор за еден од најважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа

– Конечно почнал да работи Александропули и ние сме многу среќни за тоа, но на жалост кога побарав извештај од ЕСМ, можам да ви прочитам дека ЕСМ нема учество во сопственоста на терминалот – предвидено било „Номагас“ да се стекне, но тоа уште не е реализирано. Предвидено е да учествуваме и со 25 отсто во гансата централа, меѓутоа и тоа не беше реализирано, така што ние немаме ништо од Александропулу. Единствено што имаме е договор за користење на капацитет, потпишан на 15 години, и досега имаме платено околу 2,5 до 3 милиони евра. Тоа се пропаднати пари. За се што сакаме понатаму да направиме, треба да дискутираме, меѓутоа ситуацијата сегашна е таква, рече денеска Божиновска.

Во овој контекст, таа дополни дека Македонија нема интерконектор за гасно поврзување со Грција. Тендерот по девет месеци од повикот за оператор за негова изградба пропадна поради забелешка на меѓународниот кредитор. Министерката се надева дека новата тендерска постапка ќе трае пократко и ќе има резултат.

Божиновска во продолжение додаде дека за проектот Чебрен на Црна Река ќе се прави физибилити студија за тоа како да биде реализиран.

– Тоа е еден сериозен проект за кој се потребни многу средства и мора овој пат да дискутираме ние како држава да имаме најголем бенефит. Тој е во план, но потребно е многу време. Секако не може да се направи за многу брзо. Прво треба да се направи физибилити студија како да биде најдоброто решение за граѓаните, порача таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy