Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА – аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра
Економија

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА – аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

12/12/2024

AA

За акционерите на УСЈЕ ќе се распредели аванс на дивиденда во вкупна сума од 22 милиони евра или 2.404 денари бруто по акција. 

Таква одлука донел Одборот на директори на компанијата, без одржување на седница, а за оваа одлука акционерското друштво ја информираше инвеститорската јавност преку ценовно чувствителна информација објавена на Берзата.

Инаку, како што е познато, за првите девет месеци од годинава скопската цементарница УСЈЕ оствари добивка на износ од нешто повеќе од 25 милиони евра.

„Одборот на Директори без одржување на
седница на ден 11.12.2024 година донесе
ОДЛУКА
за распределба на аванс на дивиденда за
периодот јануари – септември 2024 година. За периодот јануари – септември 2024 година,
Друштвото оствари добивка во износ од
1.538.476.213 денари (25 милиони евра – н.з.).
За периодот јануари – септември 2024 година да
се распредели аванс на дивиденда за
акционерите во бруто износ од 1.355.336.736 денари (22 милиони евра – н.з.), односно 2.404 за една акција“, се вели во објавата од компанијата. 

Последен ден на тргување со право на аванс на
дивиденда за периодот јануари – септември
2024 година е 25 декември 2024 година.
Прв ден на тргување без право на аванс на
дивиденда за периодот јануари – септември
2024 година е 26 декември годинава. Датум на евиденција според кој се определува
листата на акционери кои имаат право да
добијат аванс на дивиденда за периодот јануари
– септември 2024 година е 27 декември. 

Она што е важна вест за акционерите е дека исплатата на авансот на дивиденда ќе се изврши
најдоцна до 31 декември оваа година. 

Одлуката стапува во сила со денот на
донесувањето, и се овластува Главниот извршен директор да ги
преземе сите неопходни дејствија за
остварување на распределбата на аванс на
дивиденда во согласност со применливите
законски одредби. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy