Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Парфеми, тутун, суплементи и облека – спречени повеќе обиди за шверц низ државата
Македонија

Парфеми, тутун, суплементи и облека – спречени повеќе обиди за шверц низ државата

23/04/2025

AA

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми. Патникот при пристигнување во државата се определил на зелен канал при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. При контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од Дубаи коишто патникот не ги пријавил.

Во друг случај на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на патник кој требало да патува со лет на релација Скопје – Лондон – Лутон биле пронајдени 260 пакувања од по 50 грама тутун.

Возач на камион се обидел во државата преку граничниот премин Табановце да шверцува соларен инвертер. Во обидот е спречен од Службата за мобилен скенер која при извршената контрола утврди дека во кабината има неправилности по што е извршен и физички преглед кога е пронајден соларниот инвертер.

Царински службеници на граничниот премин Табановце во куферите на еден од патниците кои патувале со автобус кој сообраќал на релација Скопје – Белград пронајдоа 129 парчиња суплементи Zeo Medic, додаток во исхрана. Суплементите се запленети, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Спречен обид за шверц на 3.150 ќесички маџун со додатоци, откако патник се обидел истите преку граничен премин Богородица нелагално да ги внесе во државата. Лицето кое патувало со автомобил на прашање дали има нешто да пријави за царина одговорило дека нема ништо за пријавување. Поради сомневање возилото е селектирано за детален преглед при што во багажниот простор во три патнички куфери помеѓу личните предмети, е пронајдена непријавената стока.

Мобилен царински тим на Царинска испостава Табановце при контрола на камион, заплени 463 парчиња облека со потписот на Ралф Лаурен, Диор, Бос и други модни брендови поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост.

Патник преку граничен премин Ново село се обидел да шверцува разна стока, меѓу која ножеви, клучеви, рибарски прибор, слушалки, машинка за стругање. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на возилото, во багажникот и помеѓу седиштата ја открија непријавената стока.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42418
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира тропски ноќи во Македонија

13/04/2026

Метеопрогнозерот Славчо Попоски очекува претстојното лето во Македонија да биде значително потопло од просекот, со чести топлотни бранови од Африка

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy