Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Папата ги повика Израелците и Палестинците да ја прекинат спиралата на смртта
Македонија

Папата ги повика Израелците и Палестинците да ја прекинат спиралата на смртта

29/01/2023

AA

Папата Франциско ги повика Израел и Палестинците на дијалог во потрага по мир и го осуди неодамнешното насилство во регионот. По неделната молитва Ангел Господов во Рим, Папата рече дека е длабоко тажен од веста за убиените Палестинци во израелските антитерористички операции и смртта на израелските Евреи во нападот на синагога во петокот.

„Со голема болка ги слушам вестите што доаѓаат од Светата земја. Спиралата на смртта, која расте секој ден, ја убива малата доверба што постои меѓу овие два народи“, рече тој.

„Ги повикувам двете влади и меѓународната заедница и барам од нив веднаш, без губење време, да најдат други начини, кои вклучуваат дијалог и искрена потрага по мир“, додаде Папата.

Нетанјаху: Ќе одговориме силно, брзо и прецизно

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети силен, брз и прецизен одговор на нападот на синагога во предградијата на Ерусалим, а израелската армија испрати уште војници на окупираниот Западен Брег.

Нападот во Ерусалим уследи по израелската воена операција во градот Џенин на Западниот Брег во четвртокот, во која загинаа девет Палестинци, вклучително и седум вооружени лица, и прекуграничниот оган меѓу Израел и Газа во петокот. Најмалку 30 Палестинци, милитанти и цивили, се убиени на Западниот Брег од почетокот на јануари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy