
Папата Франциск останува во болница поради лоша крвна слика
Папата Франциск, кој минатата недела беше хоспитализиран поради бронхитис и инфекција на респираторниот тракт, ќе остане во болница откако тестовите покажаа лоша крвна слика, според која терапијата ќе биде модифицирана, соопшти денеска Ватикан.
„Резултатите од тестовите спроведени во последните денови и денеска покажаа полимикробна инфекција на респираторниот тракт, што доведе до дополнителна промена на терапијата. Сите досега спроведени тестови укажуваат на сложена клиничка слика за која ќе биде потребна соодветна хоспитализација“, соопшти Ватикан.
Во соопштението се додава дека папата успеал да се одмори претходната вечер и покрај болеста и останува под надзор на лекарите, пренесува Ватикан Њус.