Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Папата Франциск ја осуди војната во Украина, насилството на Блискиот Исток, меѓународниот тероризам
Македонија

Папата Франциск ја осуди војната во Украина, насилството на Блискиот Исток, меѓународниот тероризам

09/04/2023

AA

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во денешната велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) ги осуди бројните „камења на сопнување“ на патот кон мирот во светот, од Украина преку Блискиот Исток до меѓународниот тероризам.

Пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата ја изрази својата „силна загриженост“ поради неодамнешното интензивирање на нападите на Блискиот Исток, кои, според него, го загрозуваат „дијалогот“ меѓу Израелците и Палестинците.

Како и минатата година, во неговата порака даде посебно место имаше војната во Украина.

– Утешете ги ранетите и оние кои ги загубија своите најблиски поради оваа војна и погрижете се заробениците да се вратат живи и здрави во своите семејства, рече папата и ја повика меѓународната заедница „да стави крај на оваа војна, како и на сите крвави конфликти во светот“.

Наведувајќи околу 20 земји, водачот на 1,3 милијарди католици зборуваше за Либан „кој сè уште бара стабилност и единство“, Тунис и „неговите (социјални и економски) проблеми“, „тешката социо-политичка и хуманитарна криза“ на Хаити и за „жртвите на меѓународниот тероризам“ во Буркина Фасо, Мали, Мозамбик и Нигерија.

Тој ги спомена и жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија во февруари, во кој загинаа повеќе од 56.000 луѓе, а штетата се проценува на стотици милијарди евра.

Пред пораката, Папата ја предводеше велигденската миса и во својот папамобил помина низ луѓето собрани на плоштадот Свети Петар, благословувајќи ги верниците во топла атмосфера.

Папата Франциск (86) синоќа отслужи Велигденско бдение во базиликата Свети Петар во присуство на околу 8.000 луѓе. Минатата недела папата помина три дена во болница поради бронхитис, а поради болки во коленото се движи во инвалидска количка. ј

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy