
ПАНИКА ВО СРПСКО УЧИЛИШТЕ: Ученик донел пиштол
Седмоодделенец донел пиштол во училиште во Србија.
Се работи за седмоодделенец, ученик во ОУ „Ратко Вукиќевиќ“ во Ниш. Тој денеска во училиште донел пластичен пиштол кој ги вознемирил децата, а случајот е пријавен во полиција, дознава „Блиц“.
Полицијата по пријавата излегла на терен и утврдила дека пиштолот е лажен, односно пластичен. Момчето никому не се заканувало.
Лани во училиште во Белград, 13 годишно момче уби 9 луѓе. По овој масакр, имаше серија насилни инциденти во српските училишта.