
Паника на Крим: Украинците истрелаа проектил кон Црноморската флота
Руските власти известија дека проектил бил истрелан кон руската Црноморска флота стационирана во Севастопол, Крим.
„Утринава руските сили на еден од воените бродови одбија напад со противбродска ракета“, напиша Развозаев и додаде дека поради паѓање на остатоци избувнал мал пожар, кој брзо бил изгаснат, пренесува РИА Новости.
Во објава на Телеграм, гувернерот на Крим, Михаил Развозаев, Развозаев тврди дека противбродскиот ракетен напад бил „одбиен“ и дека „неговите делови предизвикале мал пожар кој брзо бил изгаснат“.
Киев Индипендент јавува дека на социјалните мрежи се појавиле видео снимки чија автентичност не е проверена, на кои се гледа како рускиот брод гори.
Се јавува дека локалните медиуми објавиле дека мостот на Крим е затворен, пренесува Блиц.
Вооружените сили на Украина постојано се обидуваат да ги нападнат бродовите на Црноморската флота, како и градот Севастопол и главната база во тој град.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг призна дека украинските војници користат ракети на НАТО за овие напади.
Освен тоа, според весникот „Тајмс“, началникот на Генералштабот на британската армија, адмирал Тони Радакин, лично му помогнал на официјален Киев во развојот на стратегија за напади на руски бродови.