
Панчо од ДНК се откажа од номинацијата Маж на годината: Не живеам во Северна
Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината според социјалните мрежи.
Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на “Северна Македонија” Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во “северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!
Ваш Панчо, напиша пејачот на ФБ.
Листата на кандидати била создадена според предлози и номинации на јавноста, а од пред три дена на страницата на ,,Маж на годината” започна и гласањето во категоријата Маж на годината според социјални медиуми, каде победник ќе биде оној кој ќе добие најмногу допаѓања под својата фотографија.