
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност!
Владимир Блажен попознат како Панчо од групата ДНК е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност.
Оваа информација ја соопштија од стручниот лекарски конзилиум во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што се лекува.
„Пациентот Владимир Блажев-Панчо од приемот до денес се наоѓа во единицата за интензивно лекување. Она што можеме да кажеме е дека пациентот е стабилен и дека во моментот е надвор од животозагрозувачка состојба“, велат од болницата.
