
Панче Тошковски позитивен на Ковид-19
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски оди во изолација откако добил позитивен резултат на Ковид-19. -Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни. Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите, вели Тошковски.
