
Палмеирас по Ендрик продаде нов тинејџер, сега за 25 милиони евра
Тимот на Вест Хем го ангажираше талентираниот 18-годишен крилен напаѓач Луис Гиљерме со кого потпиша петгодишен договор. Финансиските детали не се објавени, но британските медиуми откриваат дека премиерлигашот за неговите услуги платил 25 милиони евра со бонуси.
„Среќен сум што потпишав за Вест, клубот покажа дека верува во мене. Ми беше претставен проект кој ми се допадна на мене и моето семејство и се надевам дека ќе помогнам во неговата реализација“, изјави Гиљерме.
Младиот напаѓач со Палмеирас во изминатата сезона ја освои шампионската титула во Бразил, а сега е првото засилување за Вест Хем каде што на клупата пристигна Јулиен Лопетеги.
Гиљерме е левак и најчесто игра како десно крило.
„Разговарав со шефот и верувам дека од него можам многу да научам. Тој водеше големи клубови и беше шпански селектор“, додаде младиот Бразилец.
