Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Палевски: На денот на убиството на Вања бев во банка да платам сметки, па отидов на пазар да купам грејач за котел!
Македонија

Палевски: На денот на убиството на Вања бев во банка да платам сметки, па отидов на пазар да купам грејач за котел!

23/04/2025

AA

На денешното рочиште за убиството на Вања и Панче, првообвинетиот Љупчо Палевски, тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци си членови од партијата. 

Тој, одговарајќи на прашања од неговиот бранител Јовица Страшески, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, рече дека не го сторил кривичното дело. Тој негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче.

– Мотив да го направам ова кривично дело немам, не сум ни имал и не сум го сторил ова кривично дело за кои ми прочитавте цитат од обвинение и ме прашувате, изјави Палевски. 

Според Палевски „со лажни наслови и манупулации“ се лаже јавноста повеќе од една година, нагласувајќи дека ОЈО иако одоземале хард диск, не го вештачеле и тој не е приложен како доказ, односно, како што рече, „го крие, дека поседувам 200 илјади нелегално снимени разговори“. 

-Овој случај е полн со индиции од местото на затрпувување на убиеното дете, од извор на жртвата во однос на зградата каде што жевеело детето, индиции кои се лажно и намерно направени, рече Палевски.

Прашан каде бил на 27.11.2023 година, денот на убиството, Палевски рече дека тој ден станал во 8 и 30 невообичаено рано за него го запалил котелот зашто му било ладно по што пристигнале материјали за криминал за повеќе од 500 милиони  долари по што дал налог на сопартијците да извадат секаква информација од интернет за набавка на ирански дронов. 

Го прошетал кучето, читал вести, пиел кафе, и околу 10 часот тргнал накај Халк банка. 

Палевски напомена дека Кешишев не бил тогаш во партијата и мислел дека е заминат за Штип што не било невообичаено.

Прашан, кога последен пат биле во зградата која ја има изградено, а од каде според тврдењето на ОЈО е грабната Вања Ѓорчевска, Палевски рече не бил повеќе од 25 години. 

-Од 1999 година кога го продадов станот во таа зграда, пред повеќе од 25 години, каде беше сместена мојата фирма која ја градеше и продаваше зградата не сум бил во објектот каде е грабнато оштетеното дете, но сум бил до објектот од причини што на два метра од зградата до самиот влез поседувам трафостаница од која се напојуваат само 11 станови во таа зграда и неколку локали, исто така, од тој објект, рече Палевски. 

Палевски, претходно одговарајќи на прашањата на неговиот бранител, рече дека никогаш не го возел цитроенот на Жежовски, особено што во истрагата никогаш не биле земени траги од куќата на Жежовски и месноста Дупки каде што беше пронајден за, како што рече, да се утврди каде бил цитроенот кој беше запален и затоа обвинителството нема докази освен трагите од пред куќата на Панче од каде што другите обвинети го зеле автомобилот. – Истрагата во СВР Велес е уништена, рече Палевски. 

Прашан дали бил во куќата на Панче, Палевски рече дека не бил во куќата, ниту во нејзина околина.

-Не само што се нелогични туку и неточни, затоа што освен двете видеа за движење на возило што ги наведов, ОЈО со обвинителниот акт понудило и уште еден доказ за присуство во куќата на Панче Жежовски, а тоа е телефон марка Хонор сопственост на оштетениот Панче Жежовски. Тој доказ е вештачен по наредба на ОЈО Велес и утврдени се ДНК траги од извесен Александар Велиновски од Делчево кој не е ниту осомничен, ниту обвинет, траги од Љупчо Палевски, на тој телефон не постојат, рече Палевски.  

Според Палевски, на куќата на Панче Жежовски не е направена криминалистичко техничка обработка, ниту пак подигнат било каков траг освен предметните списи. Палевски, исто така, рече дека дека не знае каде се наоѓа местото на настанот Рудник. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy