Палевски и сообвинетите утре пред Апелација – бараат укинување на пресудата
Утре во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи јавна седница по жалбите на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени на доживотен затвор за киднапирањата и свирепите убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Четворицата бараат укинување на првостепената пресуда и повторување на постапката пред Кривичниот суд. Жалба има поднесено и Обвинителството, но за ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Судија-известител за предметот е Лирие Елези-Ајрулау.
Според првостепената пресуда, обвинетите добија по 10 години затвор за грабнувањата, а доживотен затвор за убиствата. Судот утврди дека делата биле извршени по план и со намера за изнуда на пари.
Апелација утре ќе ги разгледува жалбите и ќе одлучува дали пресудата ќе биде потврдена, изменета или укината.