
Пал блокиран системот на ФЗОМ
Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти, а причина што одново не функционираат делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат.
– Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна – вели Лилија Чолакова – Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.
