
Паднато дрво врз автомобил во Струмица
Вечерва околу 20:00 часот на улицата „Ванчо Китанов“ во Струмица, паднало дрво врз паркиран автомобил. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица со едно противпожарно возило и двајца пожарникари-спасители.
Благодарение на брзата интервенција, дрвото е успешно отстрането, а улицата повторно е проодна.
За среќа, нема повредени во инцидентот.