
ПАДНАЛЕ ОД ЅИД ВО ДУБРОВНИК: Мажот е опериран, а жената е во критична состојба
Маж и жена паднале од ѕид и се здобиле со тешки повреди во Хрватска.
Брачна двојка од Австралија вчера паднала од ѕид кај Пила во градот Дубровник. Станува збор за 34-годишен маж и 26-годишна жена. Двајцата имаат тешки телесни повреди и се згрижени во Општата болница. Мажот е опериран, а жената е во критична состојба. Ова не е првпат на некој туристички локалитет да има повредени странци.
