
„Падна“ првата оставка во Србија – драматичните слики ќе ги носам како печат на мојата душа
Министерот за образование на Србија Бранко Ружиќ денеска поднесе неотповиклива оставка до српската премиерка Ана Брнабиќ, соопштија за Танјуг од Министерството за образование. Тој утринава положи венец и се потпиша во книгата на жалост во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.
Ружиќ уште еднаш „со неискажлива болка им изразува најдлабоко сочувство до најблиските на жртвите“.
„Драматичните слики од настаните од училиштето, солзите пролеани при изразување на сочувство до неутешните родители на настраданите деца, ќе ги носам како печат на мојата душа до крајот на животот“, вели Ружиќ во писмото до премиерката.
Во масакрот деновиве, 13 годишно дете уби 9 и рани 7 луѓе. Настрадаа ученици и човекот кој работел како обезбедување во установата.
фото Министарство просвете/Танјуг