
„Падна“ договор за слобода од 100.000 евра: Уапсен Фехми Стафа кој зел 50.000 евра за да подмити судија во Апелација
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против лицето Фехми Стафа, поранешен државен правобранител кој е фатено „на дело“ со обележани банкноти, откако претходно ветувало дека со поткуп ќе издејствува слобода за бегалец кај судија во скопска Апелација.
Осомничениот се товари за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Според обвинителството, во периодот од октомври до вчера (13.12.2025), тој успеал да наплати вкупно 50.000 евра за своите „услуги“.
„Шемата“ на осомничениот била амбициозна. Тој првично побарал сума од 100.000 евра. За овие пари, тој тврдел дека ќе го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје.
Целта на поткупот била да се влијае врз судијата за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши – укинување на мерка притвор за лице кое моментално е недостапно на органите на прогонот (бегалец), а против кое ОЈО ГОКК веќе води постапка за финансиски криминал.
Исплатата се одвивала на рати:
Акцијата на органите на прогонот уследила веднаш по втората исплата. Непосредно по примањето на 20.000 евра, осомничениот е лишен од слобода, а парите биле пронајдени кај него.
Надлежниот Јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје веќе достави Предлог за определување мерка притвор. Обвинителството смета дека постои реална опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото или да влијае врз сведоците и постапката.
