Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пад на трошоците за живот на почетокот на 2026 година
Македонија

Пад на трошоците за живот на почетокот на 2026 година

13/02/2026

AA

Трошоците за живот во јануари годинава бележат намалување од 0,7 проценти во споредба со декември 2025 година, соопшти Државен завод за статистика.

Според објавените податоци, намалувањето на месечно ниво најмногу се должи на пониските цени во групата Транспорт, каде е регистриран пад од 9,3 проценти. Намалување има и кај Информации и комуникации за 1,6 проценти, Рекреација, спорт и култура за 1,5 проценти, Облека и обувки за 1,2 проценти, како и кај Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 проценти.

Од друга страна, во јануари е евидентирано зголемување на трошоците во дел од категориите. За 1 процент се зголемени цените во групите Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, како и Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива. Раст од 0,7 проценти има кај Ресторани и услуги за сместување, додека кај Услуги за образование и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици зголемувањето изнесува 0,1 процент.

Трошоците на живот во групите Осигурување и финансиски услуги, Здравствена заштита и Храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година изнесува 97,3.

На годишно ниво, индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, споредено со истиот месец лани, бележи зголемување од 3,2 проценти, додека индексот на цените на мало е повисок за 1,2 проценти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање

13/02/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Задушница

13/02/2026
Македонија

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле

13/02/2026
Македонија

ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНИТЕ ПРАКТИКИ НА ШВЕДСКА ВО

13/02/2026
Македонија

Бугарија го ратификуваше договорот за меѓуграничен железнички тунел на Коридор

13/02/2026
Македонија

Пад на трошоците за живот на почетокот на 2026 година

13/02/2026
Македонија

СДСМ ГО ПАРТИЗИРАШЕ СУДСТВОТО, ИМЕНУВАШЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ ЗА УСТАВНИ СУДИИ

13/02/2026
Македонија

Ристоска со одговор на нападите: Не изигрувам жртва!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41426
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во

13/02/2026

Судскиот процес за четворица турски државјани, обвинети дека во мај минатата година му помогнале на Кадир Кара, кој во кафуле

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Задушница

13/02/2026

На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле применувани без индикација

13/02/2026

Судскиот процес за случајот „Онкологија“ продолжи и денеска во Скопски кривичен суд, кој ја привлече вниманието на јавноста поради откриените

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy