Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пациентите со канцер бараат казни за доцнењето на лековите; Лекарите алармираат: Меланом се појавува и на 20 години
Македонија

Пациентите со канцер бараат казни за доцнењето на лековите; Лекарите алармираат: Меланом се појавува и на 20 години

03/09/2025

AA

Пациентите со канцер бараат воведување одговорност и казни за ненавремено распишување на тендери и доцнење на терапиите, порачувајќи дека не можат повеќе да прифатат „технички и административни причини“ како изговор за загрозување на нивното здравје. Во исто време, здравствените работници алармираат за сè поголем број заболени, а особено загрижува што старосната граница драстично се намалува.

Од здруженијата на пациенти нагласуваат дека иако дел од терапиите се достапни, останува проблемот со тендерите на кои не се јавуваат понудувачи, што остава дел од пациентите без неопходните лекови.

На денешните дискусии, и пациентите и здравствените работници го ставија фокусот врз меланомот, најагресивниот карцином на кожата. Лекарите апелираат дека раната дијагностика е клучна, но подеднакво е важно и брзото добивање на резултатите за да може навреме да се почне со третман.

Иако проблемот со недостаток на реагенси на Институтот за патологија е надминат, лекарите се соочуваат со нов, уште поголем предизвик.

„Бројот на пациенти со канцер, за жал, постојано расте, но она што нè загрижува е што старосната граница се намалува. Денес имаме пациенти со дијагностициран меланом на 20-годишна возраст“, предупредуваат здравствените работници.

Освен специфичните проблеми со дијагностиката и терапиите, како горлив проблем за целиот здравствен систем останува и несразмерот меѓу сè поголемиот број пациенти со канцер и малиот број лекари специјалисти кои треба да се грижат за нив.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy