Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНАМ останува со „куси ракави“ на локалните избори?
Македонија

ЗНАМ останува со „куси ракави“ на локалните избори?

03/09/2025

AA

Според неофицијални информации на ТВ 24, владејачката ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе го поддржи својот коалициски партнер ЗНАМ само во две големи општини, Центар и Куманово, додека за Старо Нагоричане одлуката сè уште не е донесена. Оваа информација, добиена од висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува да биде официјализирана на вечерашниот состанок на партијата.

Според сознанијата на ТВ 24, иако ЗНАМ инсистирале на поддршка и во неколку помали општини како Валандово, Крушево и Дојран, внатрепартиските анкети на ВМРО-ДПМНЕ покажале дека кандидатите на Мицкоски се во предност пред можните кандидати на Димитриевски. Токму поради тоа, се очекува вечерва ВМРО-ДПМНЕ да го промовира сопствениот кандидат за градоначалник на Валандово. Освен за Валандово, се очекува Мицкоски да ги објави и кандидатите за Кичево и Струмица. Во Кичево, довербата повторно ќе ја добие лекарот Александар Јовановски, додека во Струмица, боите на партијата неофицијално ќе ги брани гинекологот Никола Маџунков.

ТВ 24 го контактирала и коалицискиот партнер ЗНАМ, од каде што кратко изјавиле дека ќе го почекаат исходот од вечерашниот состанок на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пред да коментираат.

„Најпрвин ќе почекаме да видиме каков ќе биде исходот од вечерашниот И.К и Ц.К на ВМРО ДПМНЕ па потоа деновите и ние ќе ги свикаме органите на нашата партија односно нашиот Извршен и Централен за да видиме како ќе продолжиме понатаму и дали ќе номинираме или не свои кандидати за други општини“.

За разлика од ограничената поддршка за ЗНАМ, Христијан Мицкоски се очекува да ги поддржи кандидатите на коалицијата Вреди во повеќе општини, како Тетово, Гостивар, Струга, Чаир, Арачиново, Дебар и други помали општини со доминантно албанско население.

Во меѓувреме, владината коалиција сè уште не го објавила кандидатот за Кочани, а Мицкоски изјавил дека анкетите се во тек и дека сите кандидати ќе бидат официјализирани до законскиот рок на 12 септември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy