Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Пораката на Клинтон и насловните страници од 1996: Како се роди пријателството меѓу САД и Македонија
Македонија

ФОТО Пораката на Клинтон и насловните страници од 1996: Како се роди пријателството меѓу САД и Македонија

03/09/2025

AA

Во март 1996 година, со свечена церемонија и јасна порака за поддршка од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, во Скопје беше официјално отворена Амбасадата на Соединетите Американски Држави
. Овој настан, поздравен како почеток на „нов позитивен тек“ во меѓусебните односи, ги постави темелите на партнерството кое трае речиси три децении.

„Силен симбол на нашата блискост“ – Писмото од Белата куќа

По повод отворањето на амбасадата, претседателот Бил Клинтон испрати писмо со најдобри желби, датирано на 20 март 1996 година. Во него, тој нагласи дека топлите односи меѓу Вашингтон и Скопје стабилно се градат уште од воспоставувањето на дипломатските односи претходниот септември.

Клинтон ги истакна заедничките цели на двете земји:

„Отворањето на оваа Амбасада е јасна демонстрација на американската поддршка и силен симбол на нашата блискост“, напиша Клинтон, оддавајќи им посебна почит на американските и локалните вработени за нивната посветеност и напорна работа во градењето мост меѓу двете земји.

Свеченост во Скопје и интензивирање на соработката

Настанот беше поздравен и од македонската јавност, а весникот „Вечер“ на 25 март 1996 година објави насловна страница со наслов „ОТВОРЕНА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА“. Во текстот се наведува дека на свеченоста присуствувале тогашниот премиер Бранко Црвенковски, шефот на мисијата на САД во Македонија, Виктор Комрас, како и бројни претставници на дипломатскиот кор и политички партии.

Симболичното кревање на американското знаме беше проследено со изјави за благодарност за придонесот на американските војници во мировните мисии и за отворањето на нови перспективи за соработка во економијата, науката, образованието и културата.

Овие историски моменти од пролетта 1996 година не беа само протоколарни настани, туку суштински чекор во зацврстувањето на меѓународната позиција на младата македонска држава. Тие ги поставија темелите на пријателството кои и денес, речиси 30 години подоцна, претставуваат основа за заедничка иднина на споделена сила и просперитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy