
Пациентите со цистична фиброза најавуваат протест
Асоцијацијата за цистична фиброза најави протести.
Тие ќе протестираат на 3-ти мај пред Министерството за финансии, доколку надлежните не им дадат одговор на пациентите со цистична фиброза, до каде е набавката на „трикафтата“ за сите пациенти.
Од таму потенцираат дека итно е потребен овој лек.
