Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ТРЕТИРААТ СО ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА ИНСУЛИН Владата го разрешува дефицитот на сензори
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ТРЕТИРААТ СО ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА ИНСУЛИН Владата го разрешува дефицитот на сензори

14/11/2025

AA

Најголем број од пациентите со дијабетес во моментот се третираат со трета генерација инсулин и споредено со регионот и со минатото тоа е голем напредок, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот.

– Пациентите имаат право да бараат уште. Мислам дека Владата работи да се разреши дефицитот на сензори во скора иднина. Од 2027 година дијабетесот ќе стане дел од работата на Фондот за здравствено осигурување и од сега се подготвуваме, имаме цела година за да обезбедиме систем во кој со соодветни критериуми сите ќе бидат згрижени – рече Клековски по настанот по повод одбележувањето 25 години од осамостојувањето и континуираното работење на Фондот.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски во својата презентација истакна дека ФЗО има 1.840.000 осигуреници, од кои 1.200.000 се носители на здравственото осигурување.

Буџетот на Фондот е 53 милијарди денари, а за здравствено осигурување се плаќа 3.000 денари месечно. Ваквото вложување, како што кажа, е доволно и е на ниво на средноразвиени земји.

Во своето обраќање Клековски изнесе низа статистички податоци за тоа колку се вложува во јавното здравство и колку услуги испорачуваат здравствените работници, колку лекови се на позитивната листа, колку лица се лекуваат во странство итн.

– Овој здравствен систем испорачува. Да, има недостатоци, ама испорачува. Дваесет и пет години на раст, но и на грешки од кои се обидуваме да учиме и да не ги повторуваме. Презентираме што е направено во овие 25 години, кој обем и квалитет на работа го поддржуваме, затоа што се уште Македонија е во одредени параметри понапред од регионот и од соседните земји. Сметам дека презентацијата е неопходна за балансиран увид во работата на Фондот – нагласи Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање по настанот, Клековски рече дека има релативно одлично институции.

– Можете да отидете во ПЕТ центарот да видите кое е нивото на организација и услуги таму, а имаме установи кои се на пониско ниво. Значи, една генерална оценка не може да се даде. Во јавното здравство без лекарите во приватното здравство, матичните лекари и специјалистите, имаме над 18.400 вработени. Ние со последните зголемувања постигнавме просечна плата од над 50.000 денари, која е поголема од просечната плата во Македонија земајќи ја предвид образовната структура која ја имаме, бидејќи во здравството не работат само доктори. Таа плата е значајно поместување – рече Клековски.

Владата, посочи тој, има среднорочен план до 2028 година за зголемување на платите. Според него, тоа што мора да се направи е зголемена контрола и континуитетот на давањето услуги.

– Не може заради поправка на апарати или неуспешен тендер да има прекини во давањето здравствени услуги. Ако има прекини мора да има систем кој ќе сигнализира каде таа услуга ја има. Имаме 50 јавни и приватни лаборатории кои работат тумор маркери. Ако нема во една лабораторија, пациентите треба да имаат јасна патека која е најблиската лабораторија каде тие тумор маркери се работат – истакна Клековски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy