
Пачемски: Извадете го розoвите очила, најдобро пласиран партиски лидер има доверба на ниво од статистичка грешка
Гоце Пачемски на својот Фејсбук профил вели дека политичарите и партиите се “утепаа” од фалби за тоа кој има најголема доверба кај граѓаните, повикувајќи се на бројките од најновото истражување на ИРИ.
„Ако ги извадат розевите очила со кои ги читаат резултатите ќе видеа дека најдобро пласиран партиски лидер во земјава има доверба од 6% (на работ на статистичка грешка 😉). Наспроти тоа, дури 42% од испитаниците се изјасниле дека ниту еден домашен политичар не ја заслужува нивната доверба. Време е нашите политичари да се разбудат од сонот…“, додава тој.