
Пајак службата на Кавадарци подигна возило на општината – Јанчев: Непрописното паркирање се санкционира!
Пајак службата на Кавадарци подигна возило на општината.
По објавените фотографии со реакција се јави и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој порача дека „непрописното паркирање се санкционира!“.
„Пајак службата при ЈП “Паркинг” Кавадарци подигна и возило на општина Кавадарци. Ова е пример дека селекција нема и ќе се отстрануваат не прописно паркирани возила“.
