Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАЃААТ ЦЕНИТЕ ВО РОАМИГ МЕЃУ ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН: Од октомври најмногу 18 евра за 1 ГБ
Економија

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ ВО РОАМИГ МЕЃУ ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН: Од октомври најмногу 18 евра за 1 ГБ

03/10/2023

AA

Започна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската
Унија и Западен Балкан, што беше предвидено со декларацијата потпишана на
Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана на 6. декември 2022 година, соопшти Советот за регионална соработка.

Намалувањето на цените за роаминг официјално стапи во сила oд 1. октомври, а горната ценовна
граница за еден гигабајт роаминг податоци во специјалните понуди и пакети,
согласно Декларацијата за роаминг, не треба да биде повисока од 18 евра, се
наведува.

Ова ќе ги направи меѓународните патувања и комуникации
значително поекономични, наведува Советот
за регионална соработка.

Во многу случаи, ценовното ограничување од 18 евра во
специјалните понуди и пакети оди уште пониско, до 1,6 евра за гигабајт, додека
три оператори од Западен Балкан – покрај цените во пакетот – ги намалија и
редовните цени на топ -up услуги.

Како што е наведено, Декларацијата за роаминг помеѓу ЕУ и
Западен Балкан ги намалува трошоците за мобилни податоци и ја поттикнува
регионалната поврзаност.

– Оваа пресвртница доаѓа во време на политички тензии,
економски превирања и постојано проширен опсег на климатски промени во
регионот, со што се нагласува важноста на регионалната и евроатлантската
соработка – рече генералниот секретар на Советот за регионална соработка,
Мајлинда Брегу.

Се истакнува дека декларацијата е насочена кон значително
намалување на таксите за сообраќај на податоци во роаминг меѓу ЕУ и Западен
Балкан. Целта е цената на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан да се доближи до
домашните цени до 2028 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy