Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈП „Комунална хигиена“ доби казна од 88.000 евра!
Македонија

ЈП „Комунална хигиена“ доби казна од 88.000 евра!

09/06/2025

AA

По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија.

Оваа санкција не е политичка, туку институционална како резултат на утврдени пропусти во работата на претпријатието. Дополнително, жителите на Аеродром секојдневно се обраќаат до Општината со поплаки за преполни контејнери, неподнослива нечистотија на улиците во сите населби, иако редовно и уредно ги плаќаат комуналните давачки секој месец.

„Како градоначалник, сметам дека ова не е нормална и прифатлива состојба!“, изјави в. д. градоначалникот Дејан Митески и додаде дека Општина Аеродром нема да дозволи да биде заложник на нечија неспособност и неодговорност!

Тој ги повика надлежните од „Комунална хигиена“ да ги преземат сите неопходни мерки за чиста животна средина и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.

„Општината ќе продолжи со засилен надзор и санкции за секој што не ја извршува својата работа. Аеродром заслужува чиста, уредна и достоинствена животна средина!

Остануваме транспарентни и на страната на граѓаните!“ – велат од општина Аеродром.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42375
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5, а дизелот под 2,5 денари

11/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека Владата очекува значително намалување на цените на горивата. Според направените анализи на енергетските пазари

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата го приведе!

11/04/2026

На 10.04.2026 во 17:50 часот во с.Блатец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(44) од с.Блатец

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца странци

11/04/2026

Двајца мажи, на возраст од 36 и 40 години, со државјанство на Швајцарија и Германија и престој во битолското село

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy