Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Оздемир: Германија сака да ја види Македонија што поскоро во ЕУ
Македонија

Оздемир: Германија сака да ја види Македонија што поскоро во ЕУ

03/10/2023

AA

Доколку Северна Македонија стане членка на ЕУ, се би било поинаку, и во однос на цените и во однос на агро секторот. Би имала пристап до заедничките пазари и би имала повеќе можности, оцени денеска германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир.

Како што истакна Оздемир, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со својот домаќин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, зголемувањето на инфлацијата не е поврзано со внатрешната политика на некоја земја, туку е резултат, пред се, на војната во Украина која доведе до зголемени трошоци и поскапување на енергијата.

Тој повтори дека Германија има јасна определба и сака колку што е можно побрзо Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.

-За Сојузна Република Германија е јасно дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и јас би сакал, во рамките на мојата надлежност како министер за исхрана и земјоделство, да го искажам мојот респект за напорите што ги направи вашата Влада и вашата земја на досегашниот пат. Морам да кажам дека овој пат навистина не е едноставен, не е ни краток во однос на војната што сега се случува во Европа. Војната е повторно вратена во Европа, ја имаме агресијата на Путин врз Украина и сето тоа покажува дека соработката помеѓу државите е многу важна, а диктатурите не сакаат да постои таков тип на соработка. СР Германија навистина го поддржува пристапниот процес на Северна Македонија и ние ќе направиме се што можеме за да ве поддржиме на вашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, потенцира германскиот министер.

Во однос на инфлацијата, има пад во Германија, рече, но стапката е се уште висока и не е вратена во состојбата како што била пред војната во Украина.

-Се ова е поврзано со руската агресија врз Украина. Тоа доведе до зголемени трошоци, енергијата поскапе и се тоа имаше влијание и врз инфлацијата. Значи, тоа не е нешто што е поврзано со внатрешната политика, туку, меѓу другото, и со војната во Украина. Од заеднички интерес е оваа војна да заврши и не само Украина да може да врати дел од својот територијален интегритет, тоа не е добро само за луѓето во Украина, туку со надеж дека сето тоа ќе може да влијае и врз инфлацијата и ќе се овозможи намалување, односно стабилност на цените. Во однос на цената и на она што го кажувате, би било многу поинаку доколку земјата има пристап и е дел од заедничките пазари на ЕУ и би било многу поинаку доколку земјата стане полноправна земја членка на ЕУ, тогаш и за земјоделството би било многу подобро, би имала пристап до тие пазари и би имала повеќе можности, но се разбира дека има актери кои навистина не го сакаат тоа и кои сметаат дека тоа не е во нивен интерес исто како и Русија – не би сакала земјата да се движи по овој пат, во правец на ЕУ. Додека СР Германија има јасна определба и таа сака колку што е можно побрзо Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, рече Оздемир.

Тој и неговиот македонски колега Николовски имаа билатерална средба, по која заминаа на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) каде треба да се обратат на првиот академски час. Планирано е двајцата министри да присуствуваат и на средбата на деканите и продеканите од Асоцијацијата на факултетите за земјоделските науки од Југоисточна Европа што ќе се одржи на ФЗНХ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е

11/06/2026
Македонија

Од утре во сила: Со „Б“ категорија ќе може да

11/06/2026
Македонија

ДЗР: Слабости во системот за социјална помош довеле до неосновани

11/06/2026
Македонија

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско

11/06/2026
Македонија

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството кај „Пластичарска“

11/06/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – шест возеле

11/06/2026
Македонија

Начевски: Проектот Иловица претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

11/06/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за обезбедувањето „Рубикон“

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43713
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy