
Овие населени места низ Скопје утре без струја!
Според информациите од надлежните служби, утре ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку општини во Скопје и околината, поради технички зафати во мрежата.
Во општина Сарај, прекинот ќе трае од 08:00 до 15:00 часот и ќе ги опфати селото Крушопек и делови од Сарај, во близина на Општината и рекреативниот центар.
Во општина Сопиште, прекини ќе има на улица 10 и дел од улица 134, во период од 09:00 до 12:00 часот.
Во општина Карпош, од 09:00 до 15:30 часот ќе бидат без струја делови од улиците Иван Цанкар и Вангел Дину.
Во општина Центар, прекините ќе бидат според следниот распоред:
Од надлежните се апелира до граѓаните да ги завршат сите активности кои зависат од електрична енергија навреме и да преземат мерки за заштита на електронската опрема.