Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОВИЕ АМЕРИКАНЦИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ – работат најобични работи, но од останувањето на работа им зависи опстанокот
Економија

ОВИЕ АМЕРИКАНЦИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ – работат најобични работи, но од останувањето на работа им зависи опстанокот

02/04/2024

AA

„Запознајте ги Американците кои не можат да се пензионираат“, гласи насловот на Business Insider, а ако на почетокот мислевте дека се работи за луѓе кои работат во јавниот сектор, се лажете. Тоа се луѓе кои ги работат најобичните работи, но нивниот опстанок зависи од тоа да останат на работа.

Марсија има 70 години и сè уште работи во човечки ресурси за една компанија со средна големина.

– Колку и да ја сакам работата и она што го работам, во најтемните моменти мислам дека ќе умрам на работа. Ќе умрам во оваа канцеларија бидејќи немам каде да одам, вели таа. 

За неа работата претставува достоинство и финансиски спас. Таа е далеку од семејството и нема кој да и помогне, ниту други приходи на кои може да се потпре.

Клучната причина поради која не може да се пензионира се нејзините медицински сметки, кои не би можела да си ги дозволи доколку не работи. Најпрвин нејзиниот сопруг се разболел од рак и починал пред две години, а сега и нејзе и е дијагностициран.

– Се надевав дека јас и мојот сопруг ќе се пензионираме заедно. И мислам дека мојата најголема погрешна проценка беше тоа што не планирав да бидам сама финансиски и емотивно – додава таа.

Марсија е само една од многуте Американци кои сонот за уживање во плодовите на повеќедецениската работа го замениле со потребата за уште повеќе работа.

На пример, Бил (71) сè уште работи иако се пензионираше пред две години. Тој мораше да се враќа на работа 32 часа неделно со цел да може да го потпомогне својот пензиски фонд. Седумдесетгодишната Дебра моментално бара нова работа, откако работела 50 години во на едно место каде што не била секогаш пријавена.

– Се плашам да ја напуштам куќата. Не можам да купам храна, гориво. Можам само да ги платам сметките и толку – појасни таа.

Кај Американците на возраст од 65 години и постари, 19 отсто сè уште работеле минатата година, што е речиси двојно повеќе од крајот на 1980-тите.

Минатата година просечната возраст за пензионирање беше 62 години, според истражувањето на Галуп, што е повеќе од 59 години во раните 2000-ти.

(Блиц, Телеграф, Бизнис инсајдер)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
Македонија

Маж и жена од Гази Баба физички нападнати од малолетниот

06/09/2026
Македонија

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило

06/09/2026
Македонија

Повредени вработени во ЈП Комунална Хигиена – Скопје

06/09/2026
Македонија

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45498
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на селото

06/09/2026

Голем и комплексен пожар попладнево избувна во атарот на селото Милетино, Општина Брвеница, каде што огнената стихија директно ги загрозува

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026

Во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“, денеска во Кавадарци се одржува изложба на ретки олдтајмери од сите краишта на

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за сите

06/09/2026

Од Владата информираа дека лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy