
Јоветиќ ја шокира Бугарија, Данска се измачи против Финска (ВИДЕО)
Стефан Савиќ во 46. минута погоди за водство од 1-0 на Црна Гора, но на почетокот на вториот дел следеше вистински пекол за Црногорците.
Најпрво Вујачиќ доби втор жолт картон, а Бугарија потоа имаше пенал, но Кирил Десподов не беше прецизен од белата точка.
Преслав Боруков конечно погоди за 1-1 во 79. минута и го врати нашиот источен сосед во битката за три бода, меѓутоа Црна Гора преку Стеван Јоветиќ во 96. минута го шокира гостите.
Црна Гора има осум бода и се наоѓа на втората позиција во групата Г, додека пред неа е Унгарија со 10. Третата позиција ѝ припаѓа на Србија со седум, додека Литванија и Бугарија имаат по два бода.
Данска доминираше во текот на целиот натпревар против Финска, но единствениот гол го постигна преку Пјер-Емил Хојбјерг во 86. минута од дуелот.
Триумф оствари и Молдавија, која беше подобра од Фарски Острови со 1-0, а голот го постигна Вадим Рата.