Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јовески: За „Бехтел и Енка“ се побарува документација, кај случајот „пасоши“ одредени докази укажуваат на злоупотреби во постапките
Македонија

Јовески: За „Бехтел и Енка“ се побарува документација, кај случајот „пасоши“ одредени докази укажуваат на злоупотреби во постапките

07/04/2023

AA

За случајот „Бехтел и Енка“ од надлежните институции се побарува одредена документација, а се преземаат и други доказни средства, но во овој момент не може да се соопштат повеќе детали, рече вечерва државниот обвинител Љубомир Јовески.

Во гостување на телевизија Телма, Јовески напомена дека Обвинителството за сите пишувања или коментари во медиумите не е добро веднаш да отвори истрага. Мора тие сомненија да се подигнат на повисоко ниво за да може да се отвори постапка по допрен глас.

-Имаме преземено конкретно со оглед дека се побарува одредена документација, се преземаат други доказни средства. Документација се бара од надлежните институции. Во моментот во кој се наоѓа сега предметот, не би можел да соопштам повеќе детали. Обвинителството отвори предмет по допрен глас во врска со тендерите за надзорот на автопатиштата. Има отворено и други предмети, но мора да прифатите дека за одредени предмети не може да соопштуваме детали во јавноста во делот на постапката, до каде се предметите, истакна државниот обвинител.

Во врска со предметот „пасоши“, Јовески информира дека се преземени доста мерки, не само во рамки на нашите институции, туку и во соработка со други државни органи. Одредени докази, потенцира обвинителот, укажуваат на определени злоупотреби во постапките.

-Мора да прифатите дека се работи за сложен предмет. Одредени докази укажуваат на определени злоупотреби во постапките. Голем дел од доказите треба да се обезбедат со меѓународна правна помош и во соработка со надлежни органи од други држави. Во моментот кога јавниот обвинител ќе собере доволно докази, тогаш ќе се отвори истрага спрема конкретни лица. Во конкретниот случај не можам да кажам кога ќе биде тоа зашто се очекува соработка со повеќе институции од надвор, подвлече Јовески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy