Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈОВАНОВСКИ ОД СКОПСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Мораме да излеземе од менталната матрица на постојано справување со кризи и да размислуваме долгорочно за да му помогнеме на бизнисот
Економија

ЈОВАНОВСКИ ОД СКОПСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Мораме да излеземе од менталната матрица на постојано справување со кризи и да размислуваме долгорочно за да му помогнеме на бизнисот

02/03/2023

AA

На бизнис секторот му е потребен амбиент за работа што нема постојано да се менува и затоа мораме да се договориме што ќе правиме и во рамки на државата да постигнеме консензус за долгорочните економски политики. 

За таа цел Стопанската Комора покрена иницијатива за Декларација на таа тема која би ја потпишале сите општествени чинители: политичките партии, образовни институции, секако и компании од приватниот бизнис сектор, истакна Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија на Економскиот форум, кој вчера се одржа во Скопје во организација на Делфи Економскиот Форум и Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија.

Јовановски, кој учествуваше на панел дискусијата „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“, потенцираше дека ние како држава мораме конечно да излеземе од менталната матрица на постојано справување со некаква криза и да почнеме да размислуваме долгорочно. На тој начин, во еден поширок контекст, со преземање активности на повеќе пунктови, ќе ја зголемиме ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста на македонската економија, а со тоа и нејзината резистентност на можни шокови во иднина.

„Треба да разбереме дека досегашниот бизнис модел на најголемиот дел од македонската економија се истроши. Тој генерално се потпираше на два столба на конкурентност: на користењето евтина работна сила и на користењето евтини енергенси. Тоа време заврши и мораме да се менуваме. Тоа значи драматично зголемување на квалитетот на образовниот систем во земјава. Максимално зголемување на енергетската ефикасност, на домашното производство на електрична енергија и на користењето на обновливи извори на енергија заради одржување на каква-таква ценовна конкурентност во однос на цената на електричната енергија. И секако, дигитализацијата и серија мерки во насока на зголемување на конкурентноста на економијата на сите нивоа, вклучително и на јавниот сектор и јавната администрација“, нагласи Јовановски. 

Во дискусијата на панелот Јовановски истакна и дека во услови на геополитички судири и војна на европска почва, помалите земји треба да го направат она што зависи од нив, а тоа е зголемување на регионалната соработка. За нашата економија, Грција може да биде движечката сила и промоторот во рамки на Европската Унија на евроинтеграциските заложби на Западниот Балкан, со што суштински ќе придонесе за стабилноста на регионот во кој живееме.

Во однос на инфлацијата, Јовановски кажа дека таа нема да исчезне туку така, а неизвесноста околу економските изгледи за годинава за нашите најважни странски пазари ќе биде присутна и понатаму.

„Со тоа ќе остане неизвесно дали ќе се оствари проектираната стапка на економски раст на македонската економија. Треба да имаме предвид дека некои меѓународни институции веќе ја ревидираа проекцијата надолу. Во такви околности, кога не се знае дали ќе се оствари економскиот раст, ќе остане и предизвикот за јавните финансии, дали ќе се остварат планираните буџетски пригоди и што ако не се остварат“, истакна Јовановски.

На панел сесијата учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и вицегувернерката на НБРСМ Ана Митреска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy